Уште еден пораз од Евертон дополнително ја искомплицира ситуацијата за клубот. Вчера „карамелите“ загубија од директен конкурент за опстанок во лицето на Барнли и испаѓањето од Премиер лигата станува се пореална можност. Тимот има осум порази во последните 10 првенствени натпревари, а на преостанатите девет натпревари до крајот ќе игра против Манчестер Јунајтед, Челси и гостувањата против Ливерпул и Арсенал.
Евертон последен пат испадна од елитата во 1951 година. Само Арсенал остана на највисоко ниво повеќе од „карамелите“ – 96 последователни сезони. Богатата историја на „сините“ вклучува девет англиски титули, од кои последната е освоена во 1987 година.
Во последните години Евертон направи значителни инвестиции во играчи и тренери. На „Гудисон Парк“ се донесени имиња како Карло Анчелоти и Рафаел Бенитез, но се чини дека никој не може да го најде вистинскиот пат. Бенитез доби отказ во јануари годинава и беше именуван Френк Лампард, но тоа не ја подобри ситуацијата. Под негово водство, тимот загуби шест од осумте натпревари во Премиер лигата.
Некои навивачи бараат отказ на Лампард и сметаат дека ова е единствениот начин да се спаси тимот од испаѓање. Некои веруваат дека тој треба да остане до крајот на сезоната. Мислењето во средината е дека Френк не е виновен за ситуацијата на Евертон, но никако не ја подобрил.
Сопственикот на „карамелите“ Фарад Мошири имаше големи амбиции за клубот. Тој инвестираше повеќе од 500 милиони фунти само во нови играчи откако пристигна во февруари 2016 година. Шест години подоцна, Евертон е бод над зоната за испаѓање и може шокантно да стигне до Чемпионшип следната сезона.