Фудбалерите на Евертон го совладаа Арсенал на гости, во рамките на 33. коло во Премиер лигата, со резултат 1:0.
Во исто време, ова беше прва победа на „карамелите“ во Лондон од 1996 година, а гостинскиот менаџер Карло Анчелоти може да се пофали дека прекинал серија долга четврт век.
Единствениот (авто) гол на натпреварот падна по катастрофалната грешка на голманот на „топџиите“, Бернд Лено. Чуварот на мрежата на домаќините направи страшна грешка по ударот на Ричарлисон, топката мина низ рацете и нозете и заврши зад неговиот грб.
Се покажа дека тој детал го реши победникот, па „карамелите“ му избегаа на Арсенал шест поени, со натпревар помалку од избраниците на Микел Артета.
Leno (own goal)
____________
Watch LIVE FOOTBALL GOAL HIGHLIGHTS on GOALRICH Whatsapp TV. Join me 👉👉https://t.co/VwNX4hTyBh pic.twitter.com/4zdfal2ZM5— GoalRich 9ja🇳🇬🇳🇬 (@goal_rich) April 23, 2021