Евгенија Гуцул: Ако Молдавија се обедини со Романија, Гагаузија ќе се отцепи

Таа изрази уверување дека жителите на многу соседни молдавски и бугарски села ќе ја поддржат Гагаузија и ќе ѝ се придружат.

од Бети Божиноска
642 прегледи

Ако молдавските власти решат да се обединат со Романија, Гагаузија веднаш ќе ја започне процедурата за отцепување и враќање во независна Република Гагаузија, изјави шефицата на автономната област Гагаузија, Евгенија Гуцул, на својот канал на „Телеграм“.

„Ако актуелната молдавска влада се согласи на унија, автономниот регион Гагаузија нема да молчи. На 2 февруари 2014 година нашиот народ даде јасен и прецизен одговор дека својата иднина ја гледа исклучиво како дел од независна и суверена Молдавија “, напиша Гуцул во постот на „Телеграм“.

Таа изрази уверување дека жителите на многу соседни молдавски и бугарски села ќе ја поддржат Гагаузија и ќе ѝ се придружат.

Изјавата на романскиот премиер Марсел Чолаку за поддршка за обединувањето на Романија со Молдавија изгледа провокативно и носи реални ризици, предупреди сенаторката од Крим, Олга Ковитиди.

Чолаку неодамна изјави дека ја поддржува идејата за обединување, што, како што вели, може да се случи со пристапувањето на земјата во Европската Унија.

„Треба да се потсети дека во февруари 2014 година жителите на Гагаузија веќе се изјаснија за самоопределување и за влез во Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан. Треба да се напомене дека огромното мнозинство жители на покраината гласаа против влезот на Молдавија во ЕУ. Во овој контекст, провокативната изјава на романскиот премиер за желбата за обединување на Молдавија со Романија содржи реални ризици“, истакна Ковитиди.

Молдавската претседателка Маја Санду објави дека потпишала закон со кој се признава романскиот како официјален јазик во земјата наместо молдавскиот. Москва го оцени овој потег како обид на молдавските власти насилно да го романизираат општеството.

Слични содржини