ЕВН: Грчец во мрак поради неконтролирани кражби на струја

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Мештаните на Грчец веќе втор ден се без струја поради сериозен дефект во мрежата. Ова не е прв пат да се соочуваат со ваков дефект. Понекогаш неколку улици, а понекогаш цело село останува без снабдување со електрична енергија.

Дел од жителите кои се плаќачи, креваат рамења без да имаат никаква можност да ја спречат појавата на дефектите.

Свесни дека тие настануваат се повеќе и почесто поради кражби, не знаат како да го решат проблемот.

Погледот им е кон надлежните кои мора да ја решат ситуацијата еднаш засекогаш, со цел да имаат нормален живот со основни услови.

Од ЕВН велат дека дефектите се појавуваат поради кражбите на мештаните, но освен тоа, дека проблем имаат и со мештаните кои им ги напаѓаат екипите на терен, токму кога тие одат да го поправат дефектот.

 

Слични содржини