ЕВН најави дека почнувајќи од септември ќе се воведат тарифи за наплата, а со воведувањето на тарифите ќе може уште повеќе да инвестираат во нивната услуга.
Еден киловат час ќе биде 25 денари, до 4 часа полнење, а после тоа ќе се наплатува 0.80 денари по минута. Граѓаните и компаниите може да аплицираат со пополнување на формулар и ќе добиваат фактури врз оснонва на месечнно потрошената/ искористената струја за полнење на своите возила на јавна површина, дознава „Локално“.
ЕВН, во соработка со општините изгради сериозна електрична инфраструктура низ целата држава.
Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН постави станици за полнење на електрични возила во 18 градови. Во Град Скопје, поставени се повеќе полначи кои покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни приватни објекти како хотели, шопинг центри и слично.