Порано играше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Монако, Марсеј, Вест Хем… и беше голема ѕвезда на францускиот фудбал. Но, сега Патрис Евра шокираше со една од неговите изјави.
Ова не е прв пат да се случи, но овој пат крена голема прашина.
Поранешниот капитен на француската репрезентација вели дека жали што играл за националниот тим на оваа земја.
– Кога би можел да се вратам во минатото, би ја избрал мојата родна земја, а тоа е Сенегал. Кога бев помал, моите родители ми дадоа можност сам да одлучам за која репрезентација ќе играм. Растејќи во Франција, го избрав. Но, тогаш видов дека мојот избор е целосно исполитизиран. Со оваа селекција научив една од најболните работи, дека кога играш и победуваш, тогаш си Французин, но кога репрезентацијата губи, мислат дека си Сенегалец, изјави Евра за „Sports Brief“.
За сениорскиот тим на „триколорите“ Евра забележа 81 настап.
Фото: PA Sport