Евробаскет 2025: Погледнете ја листата на најплатени кошаркари

Официјалната страница на Евробаскет на Инстаграм ја објави листата на најплатените играчи кои ќе се натпреваруваат на претстојниот Евробаскет.

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Официјалната страница на Евробаскет на Инстаграм ја објави листата на најплатените играчи кои ќе се натпреваруваат на претстојниот Евробаскет.

Прв на листата на најплатени кошаркари кои ќе се натпреваруваат на Евробаскет е српскиот кошаркар Никола Јокиќ со 55,2 милиони евра, втор на листата е Гркот Јанис Антетокумпо со 54,1 милион евра. Лаури Марканен, го освои третото место со 46,4 милиони евра, додека Лука Дончиќ е четвртиот најплатен со 46 милиони евра.