“Не дозволувајте Фараж да ја  потопи Британија. Гласајте за останување”

британ

Еврозоната е подготвена за секакви “шокови”, предизвикани од евентуален “брекзит”. Ова го изјави шефот на еврогрупата Јерун Дејзелблум, по средбата на министрите за финансии на земјите од монетарната унија. На 23 јуни граѓаните на Велика Британија ќе одлучат на референдум дали сакаат нивната земја да остане дел од ЕУ. Последни анкети покажуваат дека предност имаат оние  за излез од Унијата. Велика Британија не е дел од валутната група, но самите информации за евентуална победа на “брекзит” на референдумот предизвикува  нервоза на финансиските пазари. Повеќето големи надворешни економски партнери на Велика Британија, вклучувајќи САД, ЕУ и Јапонија упатија предупредувања во врска со погубни последици за економијата на Островот при евентуално излегување од ЕУ. На целосно политичкото поле претседателот на Европскиот совет, Доналд Тукс  го одреди “брекзит” како евентуален “крај на западната политичка цивилизација”. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер од своја страна алармира за евентуална “дезинтеграција” на ЕУ, при излегување на Британија од него.

4886873

Мислењето на холандскиот министер за финансии Дејзелблум и на неговите колеги од еврозоната донекаде  е во контраст на овие сосотојби. “Секако дека сме загрижени. Ја следиме ситуацијата и размислуваме за  можни сценарија … Имаме капацитет да се справиме со сите ударни ситуации кои можат да произлезат “, изјави Дејзелблум. Францускиот министер за финансии Мишел Сапен додаде дека “брекзит” би влијаел негативно “најнапред” и “најмногу” на граѓаните на Велика Британија. Излегувањето на кралството би било “тешкотија  за Европа, но најмногу проблеми че има  Велика Британија”, смета Сапен.

Слични содржини