Средбата на Еврогрупата во Брисел заврши со напредок и основа за договор што може да се дискутира од лидерите на земјите од еврозоната. Ова го изјави министерот за финансии на Финска Александар Стуб. Истовремено претседателот на евгрогрупата Јерун Дејселблум исто така, рече дека има напредок, но се уште има големи проблеми кои треба да се решат.”

Поминавме долг пат, но неколку големи проблемот остануваат отворени”, рече тој. Дејселблум се приклучи на самитот на лидерите на земјите од еврозоната, чија средба беше прогласена за 17 часот по македонско време, но започна со околу 30 минути задоцнување. “Можеме да подготвиме многу амбициозно предлог кој државните лидери треба да го разговараат “, рече Стуб.