Еврогрупата одобри нови 6,7 милијарди евра за Грција

од Vladimir Zorba
62 прегледи

  Министрите за финансии на Еврозоната  дадоа принципиелна согласност на Грција да и исплатат нова транша од 6,7 милијарди евра од пакетот економска помош.

– Еврогрупата го усвои третиот извештај од програмата за реформи на Грција. Завршена е голема работа, што му дозволува на Европскиот стабилизациски механизам да ја одобри новата транша од макрофинансиската помош вреден 6,7 милијарди евра, изјави новоименуваниот претседател на Еврогрупата, португалскиот министер за финансии Марио Сентено.

Одлуката доаѓа откако грчкиот Парламент усвои серија економски мерки со кои се ограничи правото на штрајк и се извршија нови кратења во државните расходи.

По одлуката, еврокомесарот за финансиски прашања, Французинот Пјер Московиси, изрази надеж дека Грција ќе може наскоро да излезе од долгогодишната програма за финансиска помош и да почне самата да ги финансира своите потреби.