25
Романија и Бугарија може да се приклучат на Шенген зоната на 1 јануари следната година, изјави вчера еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.
Таа рече дека двете земји ги исполниле „сите критериуми“ и дека се очекува министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Бугарија и Романија на состанокот на 12 декември да се договорат за укинување на контролите на копнените граници.
Јохансон истакна дека вкупната нерегуларна миграција кон ЕУ е намалена за 40 отсто, а на западнобалканската рута има намалување за 80 отсто, како и дека нема никакви проблеми откако се укинаа воздушните граници.