Еврокомесар за внатрешни работи: Околу 3,7 милиони украински бегалци останале во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од три милиони украински бегалци веќе се вратија во Украина од ЕУ, додека околу 3,7 милиони луѓе останаа во земјите на Унијата, изјави на прес-конференција европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Податоците што ги имаме се дека 6,7 милиони Украинци влегле во Европската унија и дека околу три милиони се вратиле“, рече таа, пренесе ТАСС.

Според информациите на ОН, Русија во моментов има најмногу украински бегалци бидејќи прифатила 1,412 милиони луѓе. По нив следуваат Полска со 1,195 милиони, Германија со 867.000 и Чешка со 382.700.

Слични содржини