Еврокомесарот Јоханес Хан интервентно во Скопје

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на денешните разговори со лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, како што е најавено во Брисел, ќе се обиде да ги потсети што се договориле, дека Македонија европска држава е целта и ќе се обиде да ги спречи натамошните компликации во спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во земјата.Хан

Се очекува  Хан да ги расчисти дилемите околу тоа кој не го спроведува договорот од Пржино  да се разговора и за расчистување на проблемите кои настанаа околу именувањето на тимот на специјалниот обвинител како и гаранциите дека работата на ова институција нема да биде опструирана во иднина. Хан ќе инсистира и на почитување на роковите за измените во изборниот законик како и именувањата на новите министри и заменици министри во владата.

– Можам да потврдам дека комесарот Хан, и во понеделник ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, истакна Коцијанчич минатиот петок во изјава за МИА