Кошаркарската Улеб Евроли донесе одлука да го суспендира учеството на руските кошаркарски клубови во двете натпреварувања што ги организира, Евролигата и Еврокупот.
Ваквата одлука се однесува на ЦСКА од Москва, УНИКС од Казан и Зенит од Санкт Петербург, кои настапуваат во Евролигата, како и Локомотив Кубан од Краснодар, учесник во Еврокупот.
Од Евролигата најави дека внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата во Украина.
„Доколку ситуацијата не оди во посакуваната насока, сите натпревари на руските тимови во нашите натпреварувања ќе бидат поништени“, се вели во соопштението.