Евролигата потпиша договор: Ф4 официјално ќе се игра во Абу Даби

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Абу Даби го победи Белград за организацијата на фајналфорот на Евролигата, а денеска двете страни официјално потпишаа договор за одржување на Ф4 од 23 до 25 мај во Обединетите Арапски Емирати.

Натпреварите ќе се играат во величествената „Етихад Арена“, со капацитет од 12.000 седишта. Полуфиналните натпревари се играат во петок на 23 мај, првото во 16 часот, второто во 19 часот по средноевропско време. Натпреварот за третото место е закажан за недела на 25 мај во 15 часот, а финалето во 18 часот. Продажбата на билетите ќе започне на 26 февруари.

„Благодарам на градот Абу Даби за довербата во Евролигата. Ова е амбициозен проект и одлична можност да се запознае атмосферата на Евролигата пред нова, сосема поинаква публика. Во исто време, ова партнерство им гарантира на нашите верни навивачи ново искуство во еден од најмодерните и најпријателски градови за туристите. Заедно ќе испорачаме врвен настан кој ќе ја издигне Евролигата на нови височини“, рече претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога.

Покрај него, во свечената делегација на Евролигата која го посети Абу Даби беа и Владе Дивац, Тони Кукоч, Дино Раѓа, Теодорос Папалукас и Рамунас Шишкаускас.

Слични содржини