Руските евролигашки клубови ќе продолжат да играат во натпреварувањето, но на неутрални терени, беше објавено во петокот.
Евролигата во петокот одржа состанок на кој разговараше за кризната ситуација во Украина со рускиот напад врз таа земја.
Се сретнаа претставниците на 18 клубови и првата точка на одлуката е натпреварите да се играат надвор од Русија.
-Евролигата ќе ги анализира алтернативите за спроведување на одлуките и ќе му даде одобрение на Извршниот одбор на акционери за одобрување, заштита на интегритетот на натпреварувањето, заштита на правото на клубовите да се натпреваруваат на теренот и да го изолираат спортот од политичко дејствување. Сето ова е во согласност со највисокиот приоритет на Евролигата, а тоа е заштита на играчите, тренерите, навивачите и персонал, без никаков ризик, се наведува во соопштението на Евролигата.
Од натпреварувањето порачаа дека ќе ја следат состојбата и прописите што ги донесуваат поединечни земји.
Дополнително, Евролигата го осуди секој чин на војна, вклучително и оној што се случува во Украина. Генералниот директор на Жалгирис, Паулиус Мотијунас предложи бојкот на сите руски клубови, но не доби поддршка од другите.