Европа: Меѓу новоинфицираните во Италија, повеќето не се имунизирани

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Во Италија, коронавирусот стивна, но постојано е присутен на целата национална територија, а меѓу новите случаи на инфекција, повеќето сè уште не се имунизирани, гласи заклучокот од неделниот извештај за епидемиолошката состојба на двете најрелевантни здравствени установи на Вишиот институт за здравство и Министерството за здравство.

Бројот на лица заразени со коронавирусот, во споредба со бројот на тестирани, расте во последните денови.

Во Италија досега со двете дози се вакцинирани 40 отсто од вкупното население или 24 милиони луѓе.

За денес е закажана седница на владиниот Технички комитет, на која ќе се утврди и процени епидемиолошката состојба во светло на растечкото присуство на делта сојот на коронавирусот.

Се очекува дека Комитетот ќе ги утврди параметрите врз основа на кои ќе се проценува епидемиолошката состојба во одредени региони и врз основа на тоа ќе бидат преземени мерки.