„Европа може да постигне колективен имунитет до 14 јули“

од Берта Китинска
328 прегледи

Европа може да постигне колективен имунитет до 14 јули, изјави во неделата европскиот комесар за конкуренција Тиери Бретон, нагласувајќи го очекуваното зголемување на испораките на вакцини.

„ 14 јули имаме можност да постигнеме имунитет на континентално ниво“, рече тој на францускиот канал ТФ1. „Знаеме дека постои само едно решение за победа над оваа пандемија, а тоа е вакцинацијата. Доаѓаат вакцини “, рече тој.

„Меѓу 300 и 350 милиони дози на вакцини ќе бидат доставени од март до јуни“, рече тој.

Комесарот на ЕУ Бретон рече дека испораките на вакцини во Европа се очекува да се зголемат со 60 милиони дози испорачани во март, 100 милиони во април, 120 во мај итн.

Тој рече дека 55 фабрики во Европа сега ја произведуваат вакцината.

Слични содржини