„Европа не смее да остане нема“: Навални ја повика ЕУ да не ги признава резултатите од руските избори

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска ја повика Европската унија да ги отфрли резултатите од парламентарните избори во Русија следната година, доколку на кој било кандидат му биде забрането да учествува и ја повика ЕУ да воведе санкции за олигарсите блиски до претседателот Владимир Путин.

Тој им порача на членовите на Европскиот парламент дека е важно Европа да не молчи за условите во Русија, пренесува АП.

Тој ги нарече изборите за долниот дом на рускиот парламент, кои треба да се одржат во септември следната година, „апсолутно клучен настан“ и додаде дека најважно е тој и другите членови на опозицијата да можат да учествуваат на нив.

Навални досега неколку пати беше блокиран да не учествува на изборите.

„Ако на сите им биде дозволено да учествуваат, можеме да разговараме понатаму. Но, ако некој е спречен да го стори тоа, резултатите од ваквите избори не може да бидат признаени“, рече Навални.

Слични содржини