Европа нема да биде стабилна додека Путин е претседател на Русија, тврди Ходорковски

од Nikola Popovski
370 прегледи

Европа нема да биде стабилна додека Владимир Путин е на чело на руската држава, изјави основачот на движењето „Отворена Русија“, Михаил Ходорковски, поранешен руски олигарх, кој помина повеќе од 10 години во затвор под обвинение за измама, проневера и перење на пари.

Ходорковски изјави дека останувањето на Путин на власт во Русија е голема опасност за цела Европа.

Тој оцени дека војната на Путин во Украина се заснова на погрешни предвидувања.

-Путин ќе се обиде да го реши проблемот со поразот во централна Украина со воени средства во регионот на Донбас, на истокот на Украина, рече Ходорковски.

Според него, не станува збор за војната на Москва со Украина, туку за конфликтот на Русија со НАТО и САД.

Ходорковски тврди дека руското општество се уште не ги чувствува последиците од меѓународните санкции, воведени против Москва поради нападот врз Украина.

-Тоа ќе се почувствува за неколку месеци, но руското општество не сака да знае што се случува, изјави Ходорковски.

Тој во Атлантскиот совет изјави дека во Русија не може да има политички реформи додека Путин е на власт.

Слични содржини