ЕВРОПА ПОПУШТА: „Спутник V“ веќе во март во употреба во земјите на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Руската вакцина против корона „Спутник V“ може да биде одобрена за употреба во ЕУ веќе следниот месец, изјави директорот на Фондот за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

– Доставивме документи до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да ги опфати февруари и почетокот на март – рече Дмитријев во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Да потсетиме, престижното научно списание „Лансет“ рече дека „Спутник V“ е безбедна и ефикасна вакцина која обезбедува целосна заштита од тешки случаи на ковид 19. По повеќемесечно истражување на руски имунолози во кое учествувале 19.866 волонтери, завршена е третата фаза на клинички испитувања кои потврдија ефикасност на вакцината од 91,6 отсто.

Слични содржини