Европа постепено ги олабавува мерките, во САД расте бројот на починати од КОВИД-19

од Vladimir Zorba

Според податоците на „Worldometers“, во светот се пријавени 3.555.198 случаи на коронавирус, починале 247.626 лица, а оздравени се 1.150.482 лица.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, петте најтешко погодени земји во однос на бројот и загинатите се Америка, Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција.

Шпанците излегоа на улиците да се рекреираат по 48 дена изолација, а тешко погодената Италија наскоро ќе почувствува омекнување на мерките.

После два месеци строги мерки во Италија, втора земја по број на смртни случаи поврзани со коронавирус, на луѓето ќе им биде дозволено утре да шетаат низ парковите и да ги посетуваат роднините.

Слична е ситуацијата во Унгарија, ќе се отворат продавници и музеи, јавни места, ресторани, хотели и базени – но ограничувањата ќе останат силни во Будимпешта, каде се околу 70 проценти од случаите на заразени во земјата.

Германија, исто така, продолжува да ги олеснува мерките, при што некои училишта се очекува да ги отворат вратите, додека Словенија и Полска повторно ќе им овозможат на одделни компании да работат и да се користат јавни простори.

Франција делумно ќе ги олесни мерките на 11 мај – вклучително и отворање училишта за ученици од средно училиште.

Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека вирусот може да се врати и повика социјално дистанцирање, употреба на маски и повеќе тестирања за полесно да се следи инфекцијата.

САД продолжуваат да ја отвораат својата економија и покрај бројните смртни случаи

Соединетите држави имаа најголем број жртви пред два дена, а неколку сојузни држави почнуваат повторно да отвораат делови од економијата и генерално да ги намалат мерките.

Според податоците објавени од Светската здравствена организација (СЗО), во САД се пријавени 2.909 смртни случаи на 1 мај за 24 часа – најголем број досега.

Претходниот рекорд беше 23 април, кога беа регистрирани 2.471 смртни случаи.

Слични содржини