Поради овие пожари во атмосферата испуштена е рекордна количина на јаглерод диоксид.
Додека поголемиот дел од Европа е фокусиран на уште едно рушење на топлотните рекорди, многумина не посветуваат внимание на тоа што се случува во Афричкиот појас. Во тој дел во последниве осум недели избувнале над 100 интензивни шумски пожари кои во атмосферата испуштиле огромна количина на јаглерод диоксид.
„Вкупното ниво на јаглероден диоксид кој во претходните недели е испуштен во атмосферата поради пожарите во афричкиот појас е всушност ист колку оној кој на годишно ниво го испуштаат државите како што се Бугарија, Унгарија и Шведска“ – вели научникот Марк Парингтон.
#TheNewNormal?
Smoke vortex caused by the #Siberia #wildfires
A rough order of magnitude estimate puts the smoke-covered area at a mind boggling 2 million (yes million) square kilometres#Sentinel3 🇪🇺🛰 acquired today 24 July pic.twitter.com/6JQJcXuCSg— Copernicus EMS (@CopernicusEMS) July 24, 2019
Емисијата на штетни гасови го надминала нивото забележано во последните 17 години.
„Иако шумските пожари се чести во северната хемисфера од мај до октомври, интензитетот на овие пожари како и нивното времетраење е посебно необично“ – соопштил центарот за набљудување на атмосферата.
Во некој дел од Сибир, сателитската снимка покажува дека подрачјето гори од 559 квадратни километри, а руските медиуми ги цитирале луѓето кои наведуваат дека го гасат пожарот единствено кога постои опасност по луѓето.
Record-breaking heat in #Alaska has exacerbated clusters of wildfires burning throughout the state. https://t.co/8zqVC5JAjx #NASA #MODIS #fire pic.twitter.com/64zL7gYETx
— NASA Earth (@NASAEarth) July 11, 2019
CAMS ја покажале снимката на која се гледа чадот во арктичкиот појас во Евроазија и Сверна Америка.
„Необично е да се видат пожарите од ова ниво дека толку долго траат. Но, температурите на Арктикот се во пораст многу побрзо од глобалниот просек, а топлите услови доведуваат до побрзо и подолго траење на пожарот“ – навел Парингтон.
Инаку, ваков случај не бил забележан досега, но поради рекордниот број на пожари во Арктикот во најтоплиот месец јуни досега, чадот сега видлив е дури и од вселената.
Тие сателитски снимки покажуваат дека пожарите владееле во делови од Русија, Сибир, Гренланд и Аљаска./Tocka