Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот денешен говор во македонското собрание, говорејќи за ревидираниот француски предлог рече дека ја слушнала загриженоста кај дел од политичките субјекти и на јавноста во поглед на македонскиот јазик и порача дека ЕУ целосно го почитува јазикот и поради тоа во ревидираниот извештај бил наведен како македонски јазик, без квалификации од страна на ЕУ.
Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште ден чекор кон нашата Унија. Денеска сум овде, затоа што верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина, кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.