„Европа во бодликава жица“: Германија го поддржува подигнувањето огради на границите

од Nikola Popovski
535 прегледи

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја оцени желбата за заштита на границите како „легитимна“, додека европските земји бараат помош од Европската унија за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното пристигнување на мигрантите.

Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата поради изградбата на ограда на границата со Белорусија.

Запрашан за потребата од оградата што ја изгради Полска, министерот за внатрешни работи за таблоидот Билд изјави: „Се чини легитимно за нас да ја заштитиме надворешната граница (ЕУ) за да спречиме нелегални преминувања.

Илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, се обидоа да ја преминат границата од август, во миграциски потег што ЕУ верува дека Белорусија го охрабрила како одговор на санкциите на Европската унија.

Литванија, исто така, започна изградба на ограда со бодликава жица долж границата со Белорусија и министри за внатрешни работи од 12 земји (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Литванија, Летонија, Полска, Чешка и Словачка) имаат напишано 7. Септември до Комисијата барајќи од ЕУ да го финансира распоредувањето.

Во петокот, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, одговори дека Европската унија нема да финансира „бодликава жица и sидови“ на границите.

Зехофер предупреди и дека контролата на границата со Полска ќе биде засилена и дека веќе се распоредени полициски сили од 800 луѓе.

„Доколку е потребно, подготвен сум дополнително да ги зајакнам“, рече тој.

Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годинава илегално границата меѓу таа земја и Полска ја минале околу 5.700 лица, пренесува хрватски „Индекс“.

Осомничен шверцер на луѓе бил фатен во саботата, откако 31 имигрант од Ирак биле пронајдени во комбе во близина на границата со Полска.

Зехофер, кој ја отфрли можноста за затворање на границата со Полска, му пиша на својот полски колега Мариус Камински минатата недела и предложи да ги засилат заедничките напори долж границата пред се поголем број мигранти.

Мариус Камински одговори дека „Полска ќе обезбеди целосна поддршка за овие мерки“.

Слични содржини