Европол: Албанија е главниот извор на нелегална трговија со канабис во ЕУ

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Албанија е главниот извор на нелегална трговија со канабис во ЕУ, а огромни количини кокаин доаѓаат од Латинска Америка, според најновото истражување на Европол.

Се вели дека пандемијата се повеќе се користи за нелегална трговија со лажни вакцини за коронавирус.

Според Европол, 40% од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога. Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој во случајот од Албанија до Италија главно се транспортира преку море.

Дури 60 проценти од организираниот криминал вклучува насилство, но исто така и корупција со подмитување и софистицирани шеми од милион долари. Шефицата на Европол, Кетрин Де Бол, наведува дека извештајот за 2021 година покажува дека и двата индикатори се влошуваат.

„Нивното влијание врз граѓаните, економијата и владеењето на правото е огромно. Потребни се заеднички активности, нови политики и преглед на нашите активности. Акциите и заплените не се доволни”, рече Де Бол.

Корупцијата на европско ниво се проценува дека ја поттикнува трговијата со дрога, особено рекордните количини на кокаин кои пристигнуваат од Латинска Америка.

Слични содржини