Европол: На крајот на октомври на Балканот уапсени 382 шверцери на мигранти, оружје и дрога

од Nikola Popovski
277 прегледи

Европската полициска служба (Европол) соопшти дека на крајот на октомври при меѓународна акција против криумчарите на мигранти, кои главно оперираат на Балканот и Југоисточна Европа, биле уапсени 382 лица.

Вкупно 159 уапсени се поврзани со шверц на мигранти, 112 со шверц на дрога, 38 со шверц на огнено оружје и две лица со трговија со луѓе, се вели во соопштението на Европол, кој ја координираше операцијата со Шпанија. Откриени се речиси 2.500 нелегални влезови на територијата на ЕУ и запленети се 106 огнено оружје, се додава во соопштението.

Балканската рута, важен логистички центар, се користи од камиони кои влегуваат во ЕУ со различни стоки, вклучувајќи храна и градежни материјали. Регионот е широко користен за шверц на луѓе, огнено оружје и дрога во ЕУ. Шверцерите „добиваат оружје главно од земјите на Западен Балкан, каде што се широко достапни човечките ресурси специјализирани за огнено оружје“, додаваат од Европол.

Во акцијата од 26 до 29 октомври полицијата проверувала неколку десетици илјади возила и поединци. Пребарани се речиси 1.000 места и проверени се повеќе од 2.000 пакети. Запленети се 304 килограми хероин, 147 килограми канабис, 5.402 растенија марихуана и 1,3 килограми кокаин.

Слични содржини