340
Европол денеска соопшти дека полицијата во три операции во Колумбија и Шпанија открила 6,5 тони кокаин во вредност од 223 милиони евра, скриени во пакувања со банани и дека во таа прилика биле уапсени 13 лица.
„Големи заплени погодија шпански наркобос“, соопшти Европол.
Полицијата пребарала осум локации во Кадиз и Малага, а заплените биле 6,5 тони кокаин, возила, луксузни часовници, голем број електронски уреди и 1,5 милиони евра во готовина.