392
Во заедничка акција на Европравда, Европол и органите на прогонот во Германија, Италија и Холандија, разбиена е мрежа на шверцери на дрога главно составена од албански државјани, а во таа прилика беа уапсени 35 осомничени и претресени 51 место.
Во акцијата учествувале повеќе од 600 полицајци, а криминалната мрежа наводно е одговорна за големиот шверц на кокаин и канабис од Јужна Америка во Европа и негова понатамошна дистрибуција низ Европската унија, објави Европол.
Исто така, познато е дека сторителите користеле насилство, вклучувајќи тортура и киднапирање за изнуда.