Европол се сомнева дека во Грција се кријат терористи од “Исламска држава”

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Почнуваат проверки на миграцијата по камповите, ќе  се бараат џихадисти.

1471157945-17

Европската полициска служба (Европол) заедно со грчките власти ќе проверуваат и трагаат по  членови на блискоисточната радикална група “Исламска држава” во миграциските  кампови во оваа балканска земја .
Иницијативата на Европол ќе започне на крајот на месецот, кога ќе бидат извршени строги проверки со цел да се најде осомничени терористи од Сирија и Ирак.

Германски служби: Постојат повеќе од 340 случаи на обиди за врбување на бегалци од исламисти

Минатата година австриските власти уапсија  двајца мажи осомничени за врски со екстремистите од групата  кои планирале и спровела координираните напади од ноември во Париз.

Беше распространета информации, според која мажите кои  престојувале со лажни сириски пасоши  биле во миграциски камп во Грција, каде што подоцна се префрлиле во Австрија, потсетува весникот.