Европол: Уапсени четворица осомничени за криумчарење на повеќе од 870 мигранти

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Германските и романските власти уапсија четири лица осомничени за криумчарење на повеќе од 870 мигранти со камиони, често во опасни услови, соопшти денеска Европол.

Владите на Австрија, Бугарија, Унгарија, Полска и Турција, исто така, учествуваа во операцијата, со која на правно ниво раководеше Европравда, како и Центарот за спроведување на законот во југоисточна Европа.

Во соопштението се додава дека се запленети три возила, мобилни телефони и пари во различни валути.

Слични содржини