Европратениците усвоија став за Инструментот за Западен Балкан, следат преговори со Советот на ЕУ

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Членовите на комисиите за надворешни работи и буџет на Европскиот парламент вечерва го усвоија својот став за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој на регионот му нуди дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година.

На седницата на двете комисии беше усвоена одлуката за влегување во меѓуинституционални преговори со Советот на ЕУ, а претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер, пред гласањето рече дека очекува преговорите да започнат веќе оваа недела и посочи дека останува уште малку време за постигнување договор во актуелниот мандат на Европскиот парламент.

Пратениците на две комисии го усвоија ставот за Инструментот за реформи и раст, кој се однесува на партнерите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со 65 гласа „за“, пет против, а немаше воздржани.

Слични содржини