Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино, денеска ќе ја посетат Македонија.

kukan_hovit_i_vajgl

Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.

Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.

Тројката од Европарламентот се оценува дека доаѓа со задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.

Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Хан е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на реформските приоритети сугерирани од Еврокомисијата.

– Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.