Европратеник го номинираше Маск за Нобеловата награда за мир

од Nikola Popovski
22 прегледи

Словенечкиот европратеник Бранко Гримс предложи на американскиот милијардер и еден од најблиските соработници на новиот американски претседател, Илон Маск да му биде доделена Нобеловата награда за мир.

Грајмс го доставил предлогот до Нобеловиот комитет, а Маск е номиниран поради, како што наведе, неговата доследна поддршка за правото на слобода на говор.

„Предлогот за доделување на Нобеловата награда за мир за 2025 година на Елон Маск, за неговата доследна поддршка на основното човеково право на слободата на говорот, а со тоа и на мирот, беше успешно поднесен денеска. Искрена благодарност до сите коспонзори и сите кои помогнаа во овој предизвикувачки проект“, напишал вчера Гримс на социјалната мрежа „Икс“.

Покрај тоа, тој објави одговор од Нобеловиот институт во кој се наведува дека „неговата номинација е успешно поднесена“.

Гримс е член на групата на Европската народна партија, како пратеник на Словенечката демократска партија.

Слични содржини