Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делгација предводена од Јоханес Корнелис ван Бален, европратеник и почесен Претседател на Либералната интернационала во Лондон.
На средбата, претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ група), којашто е дел од Европскиот парламент, изразија силна поддршка на процесот којшто го започна опозицијата во Македонија за нормализација на државните институции. Процес којшто треба да доведе до спроведување на фер и демократски избори во април, 2016 година и враќање на демократските и европските вредности во земјава.
По средбата Корнелис ван Бален изјави:
” Позитивно е што има политики договор и сакам да ги поздравам двете страни, и владата и опозицијата што изразија подготвеност за договор.Со овој политички договор опозицијата ќе се врати во Парламентот , ќе се фирмира привремена Влада и ќе има избори во април, ќе биде од клучна улога за иднината на Македонија. Бидејќи Македонците во април ќе можат да изберат, во каква земја сакаат да живеат. Дали сакаат да живеат во држава како Грција што е држава на политички пријатели која не може да биде вистински независна? Или македонците сакаат држава како Естонија или Холандија, мојата земја, или данска или Белгија, што значи мала но паметно управувана земја, со добро образование, независни институции,чиста земја со работни места за граѓаните. Тоа значи држава со институции што се независни. На пример ако откриете нелегално прислушување, нормално ќе добиете медал за тоа, а не затвор.Се надевам дека на новиот специјален обвинител ќе му бидат дадени да ги води случаите против Зоран Заев , но и случаите против премиерот Никола Груевски.

