Европска држава размислува да воведе ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Полска го разгледува предлогот за воведување на задолжителна вакцинација за оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со ковид-19, како што се здравствените работници, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Њeџљски.

– За жал, имаме впечаток дека достигнавме одреден праг. Тешко е да се убедат оние кои немаат доверба, бидејќи сите аргументи и други видови дејствија се веќе преземени – рече Њeџљски за радиостаницата „Радио плус“.

– Зборуваме за такви сценарија како воведување на задолжителна вакцинација за оние кои се најмногу изложени на сериозните последици од ковид. Под тоа, мислиме на постари граѓани, но и, пред сè, на лекари – рече тој.

Според него, постои можност за четврти бран на пандемија во втората половина на август, со оглед на зголемувањето на дневните случаи забележани во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

– Имаме таква низа во Европа, што значи дека она што се случува во Британија тука се случува отприлика два месеци подоцна. Во нашиот случај, постои можност четвртиот бран да се појави во втората половина на август – рече министерот.

Полска, со население од околу 38 милиони луѓе, целосно вакцинираше 12,7 милиони луѓе, но властите предупредија дека имаат проблем да ги убедат оние кои сè уште не биле вакцинирани.

Слични содржини