Европската агенција за лекови ја одобри бустер дозата на Модерна

од Nikola Popovski
426 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ја одобри вакцината против коронавирус од компанијата Модерна за лица постари од 18 години.

Во соопштението, ЕМА наведува дека нивната анализа покажала дека третата доза на вакцината Модерна, најмалку шест месеци по втората доза, доведува до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии нивоа се ослабени. Бустер дозата се состои од половина од редовната доза на Модерна дадена на возрасни.

Европското регулаторно тело изјави дека моментално достапните податоци покажуваат дека зачестеноста на несаканите ефекти е слична на онаа што е забележана по примањето на втората доза на вакцината на Модерна, за која е забележано дека предизвикува привремено воспаление на срцето и белите дробови кај мал број луѓе.

„На национално ниво, здравствените власти можат да издаваат официјални препораки за употреба на бустер дози, имајќи ја предвид локалната епидемиолошка состојба“, наведува европската агенција.

На почетокот на овој месец, ЕМА ја одобри и употребата на бустер дозата на вакцината на Фајзер / Бионтек. Од таму исто така, ја препорачаа третата доза од вакцината кај луѓе со слаб имунолошки систем.

Бустер дозите на вакцините Фајзер и Модерна се веќе одобрени во САД, но сè уште има ограничувања за тоа кој може да ја прими таа доза.

Слични содржини