Европската комисија му се закани на Маск со санкции поради суспендирање на новинари

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова денеска предупреди дека сопственикот на „Твитер“, Елон Маск, може да се соочи со санкции поради суспендирање на профилите на неколку американски новинари кои го критикуваа.

Нарекувајќи го тој потег „загрижувачки“, потпретседателката Јоурова потсети дека постојат „црвени линии“.

„Загрижувачка е веста за самоволното суспендирање (на профилите) на новинари на Твитер. Законот за дигитални услуги на ЕУ бара почитување на слободата на медиумите и основните права. Ова е засилено со нашиот Закон за слобода на медиумите (ЕУ). Елон Маск треба да биде свесен за тоа. Постојат црвени линии. И санкции, наскоро“, напиша таа.

Слични содржини