Европската комисија одобри употреба на вакцините на Pfizer-BioNTek против ковид-19 кај адолесценти на возраст од 12 години, со што се отвори патот за помасовно вакцинирање во ЕУ по слични одобрувања во САД и Канада.
Меѓутоа, одлуката да се започне со вакцинирање на адолесцентите во богатите земји, додека многу делови на светот чекаат вакцини за постари и поранливи лица, предизвика загриженост кај Светската здравствена организација, која ги повика богатите земји да вклучат вакцини во програмата КОВАКС, наместо да ги употребат на овој начин, пренесе „Ројтерс“.
Франција ќе започне со вакцинирање на тинејџери од 12 години со вакцината на Фејзер на 15 јуни, Германија планира да ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 16 години од 7 јуни, како и Полска, која ќе ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 15 години од истиот датум.