Европската комисија ќе препорача отворање на преговорите меѓу БиХ и ЕУ

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Босна и Херцеговина треба да ги започне преговорите за влез во ЕУ, а оваа одлука се очекува Европската комисија да ја соопшти утре, пишува бриселскиот портал Политико.

Европската унија и додели на Босна и Херцеговина статус на земја-кандидат во декември 2022 година, а Европската комисија сега треба да објави позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, потврдија за Политико двајца неименувани европски претставници и висок дипломат на ЕУ.

Во вторник Европската комисија ќе предложи т.н преговарачки рамки кои ги одредуваат насоките и основните принципи на пристапните преговори, по што следи дискусија во земјите-членки на ЕУ.

Слични содржини