Европската комисија предлага заем од 140 милијарди евра за Украина од замрзнати руски средства

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги поддржа овие идеи во уреднички текст за „Фајненшл тајмс“ (FT), но нагласи дека средствата треба да се користат исклучиво за воена помош на Украина.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Принтскрин

Европската комисија (ЕК) предложи нов заем од 140 милијарди евра за Украина, кој би се финансирал со користење на замрзнати руски средства, според документ до кој дошол „Политико“ од Брисел.

Владите на земјите-членки на Европската Унија, исто така, биле информирани за идејата.

Според предлогот, Украина би го вратила заемот само откако Русија ќе ја заврши војната и ќе плати воени репарации, по што Европската Унија би ѝ ги вратила парите на белгиската компанија „Еуроклеар“, која ги поседува замрзнатите руски средства.

Кредитот би се доделувал во транши и би се користел и за одбранбените потреби и за редовните буџетски расходи на Киев. Европската комисија, исто така, предложи промена на правилата за продолжување на санкциите – наместо едногласност, одлуките би се донесувале со квалификувано мнозинство, што би го намалило ризикот Унгарија да го блокира процесот и потенцијално да ги врати средствата на Русија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги поддржа овие идеи во уреднички текст за „Фајненшл тајмс“ (FT), но нагласи дека средствата треба да се користат исклучиво за воена помош на Украина.

Претставниците на Европската унија, исто така, разгледуваат нов 19-ти пакет санкции против Русија што данското претседателство со ЕУ сака да го подготви до самитот во Копенхаген следната недела.