Европската комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Европската комисија денеска препорача отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина.

Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, оваа институција смета дека БиХ го постигнала потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ, во однос на постигнатите резултати од 2022 година, кога оваа земја доби кандидатски статус.

„Затоа, Комисијата му препорачува на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.

Слични содржини