Покрај шефот на бугарската држава, Румен Радев и бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев излезе со реакција откако новата претседателка на земјава, Гордана Силјановска-Давкова не го кажа уставното име на државата при читањето на заклетвата на инаугурацијата во Собрание.
„Бугарија не прифаќа изјави и однесувања кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година во принцип со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија“. Ова се вели во ставот на Главчев, што го соопштила тамошната владина прес-служба.
„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат“, стои во ставот на в.д. премиерот на Бугарија.
Се потсетува дека Македонија е членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности.
„Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија целосно ќе зависи од нејзината сеопфатна имплементација на договорите одобрени од сите од месец јули 2022 година“, додал Главчев.
Колку за потсетување, вчера грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду ја напушти собраниската сала откако новата шефица на државата, за време на заклетавата го кажа старото уставно име на државата без да користи „Северна“. На ова следуваше реакцијата на Министерството за надворешни работи на Грција, кое оцени дека имало флагрантно прекршување на Договорот од Преспа, од кој, како што се предупредуваат, зависат и билатералните односи меѓу Атина и Скопје.