Манчестер Јунајтед ги почувствува првите финансиски последици од не влегувањето во Европската Суперлига. Клубот од „Олд Трафорд“ беше пред потпис на десетгодишен спонзорски договор за опрема за тренинг со групацијата „Hut“, вреден 200.000.000 £.
Но, компанијата се повлече од договорот, кој требаше да биде официјализиран на 1 јули, откако навивачите влегоа на стадионот во знак на протест против сопственикот на клубот и играњето во несуденото натпреварување, според „Обсервер“.
Брендот „Myprotein“, дел од групацијата, имаше намера да го замени AON како главен спонзор на опремата за тренинг на „црвените ѓаволи“, бидејќи осумгодишниот договор со осигурителната компанија вреден 120.000.000 фунти истекува на 30 јуни.
AON, исто така беше додаден на името на спортскиот комплекс на Јунајтед (AON Training Complex).