Европската унија размислува за формирање на одбранбен фонд за олеснување на долгот за воена опрема

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Министерствата за финансии на Европската унија денеска почнаа разговори за заедничкиот одбранбен фонд кој ќе купува и поседува воена опрема и на членовите ќе им наплатува надомест за нејзината употреба, со цел да се зголемат трошоците за одбраната без да се оптоваруваат националните сметки со дополнителен долг.

Фондот наречен „Европски одбранбен механизам (ЕДМ), беше предложен од тинк-тенкот „Бројгел“, објави Ројтерс.

Неколку други земји од ЕУ изразија поддршка за предлогот, истакнувајќи дека формирањето таков фонд би можело да биде „технички релативно едноставно“, бидејќи ќе се заснова на моделот на спасувачкиот фонд на еврозоната.

Слични содржини