Европски парламент: ЕУ да биде резервирна кон „Отворен балкан“

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Европскиот парламент им препорача на повисоките тела на Европската унија да бидат резервирани кон иницијативата Отворен Балкан, која минатата година ја покренаа политичките лидери на Србија, Албанија и Северна Македонија, пренесе „Данас“.

Како што пишува во вчерашниот усвоен документ со препораки за стратегијата за проширување, кон оваа регионална иницијатива треба да се изразат силни резерви.

На европските претставници им се препорачува „да изразат силна резервираност во однос на секоја иницијатива за регионална економска соработка која не ги вклучува сите шест земји од Западен Балкан и не се заснова на правилата на ЕУ, како што е иницијативата Отворен Балкан“.

Софија Поповиќ од порталот European Western Balkans за „Данас“ вели дека неволноста кон Отворениот Балкан не е изненадување, со оглед на тоа што другите европски институции постојано повторуваат дека регионалните иницијативи мора да бидат инклузивни и прилагодени според европските правила.

-Тоа му недостигаше на Отворениот Балкан од почетокот, имајќи предвид дека некои земји во регионот се скептични за намерите на лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија од различни причини. Оваа формулација го отсликува она што долго време го кажуваат другите функционери на Европската комисија или земјите-членки, само завиткано во дипломатски речник – посочува таа.

Како што додава, наспроти резервите во однос на Отворениот Бакан, членовите на ЕП недвосмислено го поддржаа потпишувањето на договорот во рамките на Берлинскиот процес на почетокот на ноември како чекор напред кон создавање на Заеднички регионален пазар (ЗРП) што подразбира исто како ОБ, само инклузивно и без дилема дека ќе биде според европските правила.

– Ќе биде интересно како ќе опстои Отворен Балкан како иницијатива доколку другите институции во иднина на сличен начин дадат поддршка на ЗРП во однос на ОБ – заклучува таа.

Слични содржини