Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција во која се наведува дека Русија треба да и ги врати на Романија златото и другите вредни предмети што беа испратени во Москва за време на Првата светска војна на чување, изјави романскиот пратеник Еуген Томац.
Томац, кој предложи усвојување на резолуцијата со поддршка на Националната банка на Романија, ја поздрави одлуката на европратениците како „историска“, пренесува АП.
„Романија не може и не смее да прифати ништо помалку од враќањето на 91,5 тони злато и целото културно богатство“, рече романскиот политичар.