Францускиот пратеник на Европскиот парламент, Тиери Маријани изјавил вчера дека Косово е мафијашка држава и остава рана на Балканот.
На состанокот на Комитетот за надворешни работи, Маријани го критикувал извештајот на известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, во кој, меѓу другото, ја поддржала визната либерализација за Косово.
„Косово е регион на Србија, на кој никогаш не му беше дозволено да остане во рацете на оние што го водат денес. Приштина ги укинува основните права, владеењето на правото, функционирањето на демократските институции. Постои трговија со луѓе, трговија со органи. Косово е рак на раните на Балканот денес“, рекол Тиери.
Тој потсетил дека поранешниот косовски претседател Хашим Тачи е обвинет за воени злосторства и дека Виола фон Крамон не го ни спомнала тој факт, објави приштински „Газета експрес“.
„Метастазите се шират во Европа, мафијашките операции и оружјето увезено во Франција од Косово. Загрижен сум за тоа како известувачот и повеќето политички групи ја поддржуваат визната либерализација за Косово. ЕУ ја поддржува мафијашката држава“, истакнал Маријани.