Европски шампион во бокс отворил оган во ресторан во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Европскиот боксерски шампион Никита Иванов е одговорен за пукањето во ресторанот Paulaner Brauhaus во центарот на Москва.

Според рускиот весник „Известија“, случаен минувач му го одзел оружјето.

Пред три години спортистот веќе бил приведен поради претепување соиграч.

Според очевидци, Иванов испукал повеќе од три куршуми, а причината за пукањето засега не е позната.

Во инцидентот се повредени четири лица кои се хоспитализирани со повреди со различна тежина, вклучително и прострелни рани, соопшти полицијата.

Како што изјавил за „Известија“ еден од очевидците на престрелката, напаѓачот најпрвин дошол во конфликт со еден од посетителите на објектот, а потоа почнал да се расправа со обезбедувањето.

После тоа, напаѓачот отишол до автомобилот за да земе пиштол и отворил оган кон обезбедувањето на ресторанот.

Слични содржини