Европски сојуз за промена: ДУИ му дава тендер во вредност од 4 милиони евра на српското подземје

од Nikola Popovski
225 прегледи

Во овие последни денови од годината, кога албанската партија на власт се обидува да им фрли пепел во очите на албанците фалејќи се дека го зимаат техничкиот премиер, кој освен што ќе треба да ја грее премиерската канцеларија во текот на зимата, нема да има никакви законски овластувања, од другата страна токму тие ја продлабочуваат соработката со компании од Белград, чии сопственици – според српските медиуми- се криминални труктури од српското подземје. Значи, пред јавноста патриоти фалбаџии, додека позади камери ги зајакнуваат врските со Белград преку нивниот офицер за врски, Перпарим Бајрами, велат од Европскиот сојуз за промена.

Од здружената албанска коалиција порачуваат дека компанијата “Novo VLT”,која е во сопственост на Државна лотарија, каде членови на Бордот се Перпарим Бајрами, Омер Буњаку и Артин Спахиу, сите од ДУИ, потпишале договор во вредност од 3.700.000 евра со компанијата “HTL Makedonija”, со сопственици од Белград, “додека предмет на овој договор е снабдувањето со 462 ВЛТ апарати за уништување на семесјтвото и животот на нашите граѓани“.

-За информација на јавноста, пред една година, кога со Државна лотарија раководеше кадар од една друга партија, за 500 ВЛТ апарати платено е два милиона евра, односно двојно помалку од сега. Имајќи ги овие информации, јавно го прашуваме курбанот на Артан Груби, Перпарим Бајрами, дали овие валкани работи ги договорил во локалот “Lafayette Cabaret Club” во Белград, и во чии џебови завршиле овие два милиони евра, се вели во реакцијата Европскиот сојуз за промена.

Слични содржини